Обновлива енергија
Обновлива енергија – растечки ресурс!
Европскиот начин на живот сеуште е зависен од фосилните горива. Овие горива се создавани со милиони години од остатоците од предисториските шуми.
Под почвата, времето и притисокот полека дрвата ги претвориле во огромни полиња од нафта, гас и јаглен. Како и да е, светот веќе искористил половина од овие горива, и за неколку декади веќе нема да ги има.
Така што потребно е Европа да развие сигурни извори на енергија кои што
се непресушни; енергија од сонце, ветер, вода и енергетски постројки.

Обновливата енергија не е ништо ново. Со векови, зградите се дизајнирале
да ја искористуваат топлината од сонцето. Дрвото се користело за греење
и готвење. Ветерната енергија се користела за мелење на жито, и за превезување
на стока и луѓе околу светот со големи бродови.

Ресурсите за обновлива енергија можеби не се промениле, но технологијата со сигурност се променила. Современите ветерни турбини се многу ефикасни и сега произведуваат електрична енергија за илјадници домови во Европа. Тие исто така не произведуваат јаглеродни гасови кои го предизвикуваат глобалното затоплување.

Сончевата енергија исто така станува многу значајна. Сончевите панели
користат фотоволтаични ќелии изработени од специјален тип на силикон. Тие
ја претвораат сончевата светлина директно во електрична енергија.

Соларната термална енергија се користи за обезбедување на топлина и топла вода. Цевките ја апсорбираат сончевата топлина на многу ефикасен начин и ја предаваат преку цевките до резервоарот за вода.
Сончевата енергија има многу други примени. Погледнете ги нашите веб страници и фото галеријата за да дознаете повеќе.

Хидро енергијата е голем извор на енергија во повеќе европски земји, особено во Скандинавија. Браните се користат за правење на резервоари. Водата се пропушта низ стрмно поставени цевки и ги движи турбините кои што произведуваат електрична енергија. Да потврдиме дека овој ресурс е обновлив и не произведува јаглеродни гасови.
Најразновидна од обновливите енергии е биомасата – енергија од биолошки супстанции. Има многу различни извори на биомаса вклучувајќи дрвени остатоци, остатоци од храна, сточни остатоци и индустриски култури.

Како што природните сили ги претвориле праисториските шуми во нафта, јаглен и гас, технологијата може да се искористи за претворање на биомасата во цврсти, течни и гасни горива.
Дрвото, сламата и индустриските култури како што се врба и трска-miscanthus, кои што може да бидат согорени во термоелектрани за производство на електрична енергија или топлина.
Сточни, земјоделски и остатоци од храна може да бидат претворени во биогас. Од него може да се произведе топлина и електрична енергија како и гориво за транспорт.

Ферментацијата се користи за произведдување на биоетанол од житни култури и шеќерна репка. Процесот на дестилација е многу сличен со оној кој што се практикува за производство на алкохолни пијалаци. Етанолот може да се помеша со бензин или да се употреби како гориво во специјално прилагодени мотори.
Биодизелот се произведува од маслодајна репка, сончоглед и други маслодајни култури. Прочистеното растително масло се меша со алкохол и образува соединение т.н. естер. Тој може да се употреби како гориво за конвенционални дизел машини.
Биодизелот и биоетанолот произведуваат јаглерод двооксид кога се согоруваат
во автомобилски мотори. Но, растенијата го апсорбираат јаглеродниот двооксид
додека растат. Така, биогоривата не придонесуваат во голема мера за глобалното
затоплување.
За повеќе информации за биогорива и други обновливи извори, посетете ги
веб страниците, видео материјалите и фото
галеријата.
![]()
e - картички
Одбери дизајн и испрати на пријател.
Зона на игри
Тестирај ги своите вештини со online игрите ширум земјината топка.
Фотографии
Прегледај ја твојата БЕСПЛАТНА фото галерија на енергетски фотографии.
Ваши страници
Раскажете ги на светот вашите енергетски приказни преку нашиот брз и лесен online формулар.