Одржлив транспорт
Придружи се на револуцијата во транспортот!
Во минатиот век моторот со внатрешно согорување ја трансформираше планетата. Им овозможи на луѓето да патуваат побрзо и подалеку од кога и да било, со автомобил, авион, брод, воз.
Но, новонастанатата слобода на 20-от век има своја цена. Како што луѓето
патуваат повеќе и повеќе километри, сулфур, олово и голем број на други
отровни материи се ослободуваат во атмосферата. Ова ја загадува животната
средина – штетејќи им на растенијата, животните и луѓето.

Но, најголем проблем е јаглеродниот двооксид, гас кој што се ослободува при согорување на горивата. Милиони тони гас се ослободуваат во атмосферата секоја година. Јаглеродниот двооксид создава слој кој што ги рефлектира сончевите зраци назад кон земјината површина, предизвикувајќи климатски промени.
Научниците имаат различни предвидувања за тоа колку лошо и колку брзо може да се развива глобалното затоплување. Но, без двоумење климатските промени веќе влијаат на сите во Европа. Тие предизвикуваат повеќе екстремни временски појави – бури, поплави, суши – и други климатски промени.
Овие промени влијаат на растенијата, животните и изворите на вода – основните услови на кои се темели нашиот опстанок. За да ги намалиме климатските промени потребно е да ги промениме нашите навики за превоз веднаш.
Пуштете чекор напред!

Најдобра и најлесна алтернатива за вашиот автомобил се вашите две нозе! Пешачете до училиште. Возете велосипед до продавница. Ќе бидете во добра форма и повитки. Ќе заштедите пари и ќе спречите загадување.
Дали чекорите по тротоарот или ги вртите педалите, секој пат кога го оставате автомобилот дома го успорувате глобалното затоплување.
Користете воз!
Се разбира, не е можно да се пешачи насекаде. Што е со подолгите патувања?
Па, најлесно е да се влезе во автомобил, и најчесто забораваме на автобус
и воз. Тие се многу поконфорни, особено ако патувате на подолги релации,
каде што патиштата се оптеретени и паркирањето е многу скапо.

Возовите и автобусите се потешки од автомобилите и имаат поголеми мотори. Затоа тие трошат и повеќе гориво. Но, тие превезуваат далеку повеќе патници, така што количината на јаглерод двооксид што се создава по патник на километар е значително помала.
Понесете го пријателот во Вашиот автомобил
Понекогаш, се разбира, автомобилот е единстевена можност за превоз. Но, има начини да се патува со поголема грижа за околината.
Колку често сте се возеле на подолга релација токму зад соседот? Или сте сретнале некој познаник на паркиралиште?
Следниот пат кога ќе одите на фудбалски натпревар, во кино, или на училишен настан, проверете дали на некој од Вашите пријатели им треба превоз. Позабавно е да се патува со придружник – и семејството, а и заштедувате пари.
Откријте подобри приодни патишта до вашите дестинации
Низ Европа, има многу програми кои што може да помогнат за промоција на јавниот превоз. Зошто да не ги контактирате Општинскиот Совет или Агенција за енергетика за да дознаете повеќе за можностите?
Ако сте помали од осумнаесет години, најчесто имате можност за поефтини тарифи за превоз.
Почисти горива за посветла иднина
Светот досега ги потрошил половина од резервите на фосилни горива. Но, се развиваат и нови горива. Ова ќе помогне нашите извори на нафта да траат подолго и да обезбедат енергетски резерви за транспорт во иднина.
Во меѓувреме производителите создаваат креативни нови автомобили кои што нудат поголема ефикасност и почиста работа на моторите.

Над текстот е фотографија на Toyota Prius која е прогласена за Автомобил на годината во Европа за 2005. Таа има комбиниран електричен/ бензински мотор кој што овозможува одлична ефикасност на горивото.

Електричните мотори го освојуваат пазарот, помагајќи за намалување на
загадувањето, и употреба на бензинскиот погон на моторот само кога е потребно.
Во иднина, група на постоечки нови автомобили ќе користат мотори со погон
на почисти горива. Подолу е поместена фотографија на концепт за брз водороден
модел на Toyota, Fine-S.

Употребата на биогоривата – биодизел и биоетанол – во Европа е зголемена.
Може да се произведат од земјоделски култури и да се користат во стандардни
мотори.
Сега се на располагање дури и автомобили со електромотори. Имаат ограничена употреба, но се добро решение за централните градски подрачја бидејќи не создавват штетни емисии *. Хидрогенските и горивните ќелии се уште едно потенцијално транспортно гориво. Но, многу повеќе информации се достапни на веб страниците кои што се поврзани на нашата веб страница.
*Енергија е потребна за производство на електрична енергија и водород. Денес најчесто таа се добива од изворите на фосилни горива. Но, обновливите извори исто така може да произведат водород и електрична енергија. Новите технологии ќе помогнат за создавање на горива на иднината.
e - картички
Одбери дизајн и испрати на пријател.
Зона на игри
Тестирај ги своите вештини со online игрите ширум земјината топка.
Фотографии
Прегледај ја твојата БЕСПЛАТНА фото галерија на енергетски фотографии.
Ваши страници
Раскажете ги на светот вашите енергетски приказни преку нашиот брз и лесен online формулар.